Настани:
1675 – Готфрид Лајбниц за прв пат применил интегрално сметање за да ја пресмета површината под кривата y = x. Но бидејќи не ги објавил своите идеи сѐ до 1684, некои сметаат дека ги присвоил од Њутн.
1887 – Погубени се анархистите – Хејмаркетски маченици: Огаст Спајс, Алберт Парсонс, Адолф Фишер и Џорџ Енгел.
1889 – Вашингтон е примен како 42 американска држава на САД.
1918 – Јозеф Пилсудски влегува во Варшава и Полска повторно станува независна држава.
1943 – Во селото Сливово, Охридско, формирана е Првата македонско-косовска НОУ бригада. Таа беше формирана од НОП баталјон „Мирче Ацев“, Кичевскиот баталјон, Првиот косовски баталјон „Рамиз Садику“, „Вториот косовски баталјон „Борис Вукмировиќ“ и од четата на придружните баталјони на Главниот штаб на Македонија. При формирањето имаше 700 борци и го доби називот ударна.
1944 – Втора Светска војна: Ослободено е Куманово.
1963 – Во Скопје излезе првиот број на дневниот весник „Вечер“.
1965 – Белото малцинство ја прогласува Родезија за независна држава.
1973 – На 101 километар на патот Каиро – Суец, потпишана е спогодбата за прекин на огнот меѓу Израел и Египет. На тој начин официјално престанаа воените операции во „октомвриската војна“, на Блискиот Исток.
1990 – Во Социјалистичка Република Македонија се одржаа првите слободни повеќепартиски избори.
1995 – Во Брисел, шеснаесетте земји членки на НАТО му дадоа „зелено светло“ на предлогот на Политичкиот комитет, Република Македонија, да биде 27-ма потписничка на програмата „Партнерство за мир“.
2006 – Во Малме, Шведска, е востоличен Владиката Пимен, осми по ред член на Синодот на МПЦ, на кого му е доделена Европската епархија.
Родени:
1821 – Фјодор Михајлович Достоевски, голем руски и светски писател.
1922 – Курт Вонегат, американски писател.
1928 – Неџати Зекирија, македонски писател.
1939 – Милка Зафирова, македонски градежен инженер.
1945 – Даниел Ортега, никарагвански претседател.
1962 – Деми Мур, американска актерка.
1974 – Леонардо ди Каприо, американски актер.
1980 – Раде Врчаковски-Врчак, македонски пејач.
1982 – Асафа Пауел, јамајкански атлетичар
Починале:
405 – Арзакиј Константинополски, Патријарх на Константинопол.
1331 – Стефан Дечански, крал на Србија.
1855 – Серен Кјеркегор, дански филозоф.
1884 – Алфред Едмонд Брем, германски природонаучник и зоолог.
1990 – Јанис Рицос, поет на грчката левица.
2004 – Јасер Арафат, палестински лидер.
Празници:
* Ден на независноста на Полска.
* Ден на независноста на Ангола.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!