Настани:
1693 – Во земјотресот што се случи во Катанија, Италија, загинаа околу 80.000 луѓе.
1897 – САД и Велика Британија се согласија со арбитража да ги регулираат границите меѓу Канада – британски доминион и Алјаска, огромна територија од 1,5 милиони квадратни километри, која Американците во 1867 година ја купија од Русија за 7,2 милиони долари. Утврдените граници се непроменети до денес.
1945 – Во Скопје е одржана Првата конференција на балканската младина на која присуствуваа делегати од Југославија, Грција, Албанија и Бугарија. Меѓу другото, беше донесена Резолуција за зближување на младината од балканските земји.
1994 – Република Финска и Република Македонија воспоставија дипломатски односи.
1995 – Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Романија и со Кралството Саудиска Арабија.
Родени:
347 – Теодосиј I, римски император.
1814 – Танкреди Пазеро, еден од најголемите италијански оперски бас пејачи.
1842 – Вилијам Џејмс, американски психолог.
1920 – Славко Јаневски, македонски писател.
1923 – Јово Камберски, македонски раскажувач и романсиер.
1961 – Жан Митрев, македонски кардиохирург.
1968 – Саша Ќириќ, македонски фудбалер.
Починале:
705 – Папа Јован VI, римски папа.
1801 – Доменико Чимароза, Италијански композитор, претставник на Неаполската оперска школа.
1928 – Томас Харди, англиски писател.
1923 – Константин I, грчки крал.
1941 – Емануел Ласкер, германски шахист.
1990 – Асен Тодоров, еден од доајените на македонското новинарство.
2008 – Едмунд Хилари, првиот освојувач на Монт Еверест.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!