Top

Добро утро (10-ти јануари)

10-ти јануари е 10-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 355 денови до крајот на годината (356 во престапна).

Настани:
49 п.н.е. – Гај Јулиј Цезар (римски војсководец, државник, диктатор) ја изговорил познатата реченица „Коцката е фрлена“, по што ја мина реката Рубикон (денешен Вар), со што почнала граѓанската војна со приврзаниците на Помпеј која завршила со воведување негова лична диктатура. Во 44 г.п.н.е. Цезар бил убиен од припадниците на републиканската опозиција.
1863 – Во Лондон, Велика Британија, е отворена Метрополската линија – првата подземна железница во светот.
1920 – По иницијатива на претседателот на САД, Вудро Вилсон, формирана е Лига на народите со седиште во Женева. Целите на оваа организација беа да се зачува мирот и да се зајакне меѓународната соработка. Нејзината активност не ги донесе очекуваните резултати. Фактички престана да дејствува уште во 1940 година, а формално беше укината во 1946 година.
1975 – Пуштен е во сообраќај три километри долгиот тунел под реката Елба или Лаба, што ги спои автопатиштата од Централна Европа со оние во Данска и во Шведска.
1994 – Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Конвенцијата за меѓународен превоз со железница од 1980 година.
1996 – Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан ја посети Република Македонија.
1996 – Република Македонија и Европската унија воспоставија дипломатски односи.
2006 – Отворени Зимските Олимписки Игри во Торино, Италија.

Родени:
1897 – Методија Шаторов – Шарло, македонски комунист и национален деец.
1902 – Добриша Цесариќ, хрватски поет.
1913 – Густав Хусак, последниот социјалистички претседател на Чехословачка.
1931 – Јован Зизиулас, Митрополит Пергамски на Вселенската Патријаршија на Константинопол.
1935 – Леонид Кравчук, украински политичар
1945 – Род Стјуарт, англиски пејач.
1945 – Иво Ивановски, министер за информатичко општество на Македонија.
1950 – Вецко Домазетовски, македонски есеист, критичар и книжевен теоретичар.

Починале:
1778 – Карл фон Лине, шведски ботаничар – систематичар, прв претседател на Шведската академија на науките, еден од најголемите дескриптивни ботаничари на сите времиња.
1862 – Семјуел Колт, американски пронаоѓач.
1917 – Вилијам Коди, познат како Бафало Бил, американски каубоец.
1971 – Коко Шанел, француска модна дизајнерка.
1991 – Д-р Александар Лазаров, редовен професор на Медицинскиот факултет, долгогодишен директор на Гинеколошката клиника во Скопје и еден од првите стручњаци на гинекологијата во Македонија.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *