Top

Добро утро (9-ти април)

9-ти април е 99-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (100-и во престапна година). Остануваат 266 денови до крајот на годината.

Настани:
1387 – Османлискиот султан Мурат I го освоил Солун.
1682 – Роберт Кавалие де Ла Сал го открил устието на реката Мисисипи, го прогласил за француска територија, и го нарекол по својот крал – Луизијана.
1865 – Воениот водач на Конфедерацијата генерал Роберт Ли се предал заедно со своите војски на силите на Унијата (САД) со што завршила Граѓанската војна во САД.
1867 – Сенатот на САД со еден глас мнозинство го ратификувал договорот за купување на Алјаска од Царска Русија за 7.200.000 УСД, или околу 4,75 центи за хектар.
1873 – Од Солун во Велес пристигна првиот воз. Поради тоа, 9 април е прогласен за Ден на македонските железничари.
1909 – Турски офицери на импровизираното игралиште на полјанката зад некогашната Учителска школа во населбата Ислахане (Идадија) во Скопје го одиграа првиот натпревар меѓу себе. Овој датум е прогласен за Ден на македонскиот фудбал.
1967 – Првиот лет на Боинг 737.
2003 – Багдад и Ирак биле освоени од коалиционите сили предводени од САД.

Родени:
1821 – Шарл Бодлер, еден од најголемите француски писатели во 19 век.
1865 – Ерих Лудендорф, германски офицер.
1933 – Тихо Најдовски, македонски поет.
1954 – Виолета Ачкоска, македонски историчар.
1959 – Љупчо Димовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.
1959 – Киро Стојанов, римокатолички бискуп на Скопската бискупија.
1962 – Мирсад Јонуз, македонски фудбалски тренер.
1979 – Бујар Османи, Министер за здраство на Република Македонија.
1985 – Антонио Ночерино, италијански фудбалер.
1986 – Ивана Младеновска, македонска сликарка.
1990 – Кристен Стјуарт, американска актерка.

Починале:
915 – Папа Константин, римски папа.
1024 – Папа Бенедикт VIII, римски папа.
1483 – Едвард IV, англиски крал.
1626 – Франсис Бекон, англиски философ и државник.
1942 – Орде Чопела, македонски народен херој.
1951 – Вилхелм Бјеркнес, норвешки метеоролог.
1959 – Френк Лојд Рајт, американски архитект.
1962 – Харолд Ламб, американски историчар.
1983 – Александар Доброхотов, руски педагог и кореограф на Балетот при Македонскиот народен театар во Скопје.
1997 – Стево Теодосиевски, македонски естраден уметник.

Празници:
* Ден на македонските железничари.
* Ден на македонскиот фудбал.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *