Настани:
1513 – Шпанскиот истражувач Хуан Понсе де Леон ја открил Флорида и ја прогласил за Шпански посед. Во 1819. Шпанија ја продала Флорида на САД за 5 милиони УСД и ветување дека ќе се откажат од претензии кон Тексас.
1820 – Милоска Венера е откриена на островот Милос во Грција и станала првостепена атракција кога била изложена во Лувр во Франција, иако некои не ја делеле воодушевеноста, на пример Пјер-Огист Реноар рекол дека „потсетува на голем џандар“.
1904 – Франција и Обединетото Кралство потпишале „Срдечен сојуз“, предвесник на Антантата која била воен сојуз во текот на Првата светска војна и Втората светска војна, и крај на долговековните војни помеѓу двете земји.
1971 – Во Лондон почна Првиот конгрес на Ромите кој траеше до 11 април. По тој повод Организацијата на обединетите нации го прогласи 8 април за Светски ден на Ромите.
1993 – Со акламација во Генералното собрание на ОН, Република Македонија е примена како 181 рамноправна членка на Организацијата на обединетите нации под името „Поранешна Југословенска Република Македонија“.
1995 – Република Македонија и Сојузна Република Југославија воспоставија дипломатски односи.
Родени:
1784 – Дионисио Агуадо, шпански класичен гитарист и композитор од времето на Романтизмот († 1849).
1870 – Анастас Лозанчев, Македонски револуционер († 1945).
1909 – Круме Кепески, македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата македонска граматика († 1988).
1911 – Емил Чоран, романски философ и есеист († 1995).
1938 – Кофи Анан, седми Генерален секретар на ООН, добитник на Нобеловата награда за мир во 2001.
Починале:
1848 – Гаетано Доницети, италијански оперски композитор, романтичар, творец на музика, полна со драмска динамика.
1973 – Пабло Пикасо, шпанско-француски сликар, еден од најголемите светски сликари.
Празници:
* Светски ден на Ромите.
* Роденден на Буда во Јапонија.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!