Top

Добар ден (7-ми јануари)

7-ми јануари е 7-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 358 денови до крајот на годината (359 во престапна).

Настани:
1584 – Католичките држави во рамките на светото Римско царство го усвоија Грегоријанскиот календар.
1789 – По донесувањето на американскиот Устав со кој се утврдија начелата на државното уредување и надлежностите на претседателот, во САД се одржаа првите претседателски избори на кои убедливо победи Џорџ Вашингтон, прочуениот водач на војната за независност.
1898 – По конституирањето на првата подморница која се движеше на тркала по морското дно и со додавање на цевка низ која во подморницата влегуваше свеж воздух, американскиот техничар Симон Лејк водеше телефонски разговор од својата подморница со претседателот на општината на градот Балтимор. Тоа значеше почеток на новиот начин на телефонско комуницирање.

Родени:
1502 – Папа Григур XIII, римски папа.
1768 – Жозеф Бонапарта, крал на Неапол и крал на Шпанија.
1800 – Милард Филмор, 13-ти пр=етседател на САД.
1846 – Теодосиј Гологанов, скопски митрополит.
1856 – Стојан Михајловски, бугарски писател.
1862 – Иван Георгов, бугарски педагог, научник, философ.
1916 – Орце Николов, Народен херој на Македонија.
1923 – Иван Мазов, македонски раскажувач.
1846 – Теодосиј Гологанов, скопски митрополит.
1942 – Божин Павловски, македонски писател.
1948 – Ичиро Мизуки, јапонски пејач.
1956 – Дејвид Карузо, американски глумец.
1979 – Кристоф Жено, француски борач.
1973 – Никола Тодоров, министер за образование на Македонија.
1983 – Матео Таљариол, италијански мечувалец.
1985 – Луис Хамилтон, англиски возач на Формула 1.

Починале:
1536 – Катерина Арагонска, кралица на Англија.
1655 – Папа Инокентие X, римски папа.
1943 – Никола Тесла, истражувач и пронаоѓач на полето на електриката и радиотехниката.
1988 – Венко Марковски, македонски и бугарски поет.
1989 – Хирохито, цар на Јапонија.

Празници:
* Божик, Рожденство Христово


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *