Настани:
1392 – Скопје потпаднало под османлиска власт и станало седиште на новоформираниот санџак. Скопскиот санџак била прва организирана османлиска провинција на територијата на земјите од некогашна Југославија и база за навлегување кон север и запад.
1838 – Во американскиот град Мористаун, во државата Њу Џерси, Семјуел Морзе првпат изведе јавна демонстрација на телеграфот – електричен апарат за испраќање на далечина на знаци составени од точки и цртички. Првиот телеграф е пуштен во работа шест години подоцна (1844) во САД, на линијата Вашингтон – Балтимор.
1896 – Во Париз премиерно е прикажан филмот „Пристигање на воз на станицата во Ла Сиота“ (1895) од браќата Лимиер.
1916 – Нa Бадник, кај месноста Дервишка Нива, Бугарската војска извршила колеж врз 103 жители на Поречието. Масакрираните луѓе биле фрлени во ископ.
1945 – Во Скопје во присуство на околу 1.000 делегати на македонската младина од Егејска и од Пиринска Македонија, потоа претставници на советската, бугарската, грчката, албанската, српската, хрватската, словенечката и на црногорската младина, како и претставници на англиската мисија, започна со работа Вториот конгрес на Антифашистичката младина на Македонија (НОМСМ). Конгресот ја анализира состојбата во организацијата, донесе низа заклучоци и постави нови задачи. Исто така, беше упатен Проглас до младината на Македонија, повикувајќи ја на нови постигања.
1992 – По успешниот референдум, прогласена е независност на Нагорно Карабах, која сѐ уште не е признаена од ниту една меѓународна организација, ниту пак држава.
Родени:
1367 – Ричард II, крал на Англија.
1412 – Јованка Орлеанка (Жан Д’ Арк), француска национална хероина од Стогодишната војна (1337 – 1453.).
1848 – Христо Ботев, револуционер револуционер.
1850 – Едуард Бернштајн, германски социјалдемократски теоретичар.
1903 – Валтер Ниг, швајцарски теолог.
1941 – Милутин Бебековски, македонски поет.
1942 – Јанис Бутарис, градоначалник на Солун.
1961 – Шабан Салиу, македонски политичар.
1973 – Христина Андоновска, македонски професор.
Починале:
1693 – Мехмед IV, отомански султан.
1882 – Ричард Хенри Дана, американски писател.
1884 – Грегор Мендел, австриски свештеник, биолог, ботаничар и математичар.
1904 – Александар Малинов, македонски револуционер.
1949 – Виктор Флеминг, американски филмски режисер.
1983 – Д-р Владимир Брезовски, истакнат македонски историчар.
1987 – Маргарет Лоренс, канадска писателка.
Празници:
* Бадник

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!