Top

Влатко Грозданоски: заљубен, забавен, задоволен од себе

Сите момчиња би сакале да играат фудбал. Повеќето од нив никогаш не одат подалеку од маалските натпревари, а само мал дел имаат среќа да бидат вистински добри и да заминат во некој странски клуб. Еден од посреќните е Влатко Грозданоски.

Скоро 10 години играш и за репрезентацијата. Кој меч никогаш нема да го заборавиш и зошто?
“Да десет години сум во репрезентација и имам околу педесетина натпревари. Секој натпревар ми е омилен затоа што ги бранам боите на својата држава, ама би го издвоил натпреварот Англија – Македонија 2:2 на 16.10.2002. Имав 19 години и беше неверојатно искуство тогаш да играм против големи фудбалски ѕвезди како Бекам, Овен, Жерар, Сколс, пред 40.000 англиски навивачи во Саутемптон”.

Постои ли омилен гол? Против кого го постигна? Што го прави толку посебен?
“Да, тоа е мојот прв гол за Македонија, против Турција во Скопје во втората минута од натпреварот… Бев дете со 19 години и тоа беше мој прв официјален квалификациски натпревар за мојата држава. Бев во дилириум по тој гол, просто не ми се веруваше :)”.

Со кои фудбалери се дружиш приватно? Колку често разговарате за фудбалот, или никогаш не го спомнувате?
“Се дружам со многу колеги, но би ги издвоил Бобан Грнчаров, Александар Васоски, Јорде Георгиевски со кои се друзам најмногу кога сме со репрезентацијата и кога сме во Скопје. Сигурно дека фудбалските теми ни се број еден кога сме заедно…”.

А со другите другари..? Дали пробуваат (како секој кај нас што не е на теренот) да те убедат дека се поголеми фудбалски експерти од тренерот или од фудбалерите? Често се наоѓаш во ситуација да слушнеш: “Јас да играв…”?
“Со другарите кои не се фудбалери воопшто не разговарам за фудбалот, затоа што тие не разбираат како е да си на теренот и дека е многу тешко да си фудбалер и во дадени ситуации да реагираш така како што тие го гледаат тоа од страна… Не е исто да гледаш од страна натпревар и да си внатре на теренот”.

Тешко ли е да се најде време за љубов заради обврските? И уште поважно – девојка што ќе биде со тебе затоа што си Влатко, а не затоа што си Влатко Гроздановски…
“Некогаш е навистина тешко зашто постојано патувам и не сум во државава за да можам да се заљубам во некоја Македонка. Меѓутоа сé што се сака се може, така што не ми преставува тоа некој голем проблем :). Кога сум заљубен, правам сé за девојката што ја сакам…. А дали девојката е со мене затоа сум Влатко Грозданоски??? Па имам некое искуство и можам да ја проценам за скоро секоја девојка зошто е со мене, иако би сакал секоја девојка да е со мене заради мојот карактер и однос кон неа, а не затоа што сум фудбалер”.

Дали девојките навистина се палат најмногу на фудбалери и дали фудбалерите секогаш ги “добиваат” најзгодните, најпосакуваните девојки – трач или вистина?
“Да сигурен сум дека девојките се палат на фудбалери (се имам уверено во тоа од лично искуство) :). Секој човек го привлекуваат згодните девојки, па така и нас фудбалерите. А зошто згодните девојки сакаат да бидат со фудбалери, па претпоставувам затоа што и фудбалерите се згодни и добро заработуваат”.

Продолжението прочитајте го во најновиот број на TOJ.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *