Top

Интер му помогна на Јувентус по 5 години суша да се радува на титула

Имено, вчера Јувентус ја освои својата 28 титула во италијанската Серија А. Тимот немаше земено титула од далечната 2006, меѓутоа тогаш титулата мораше да ја подари на своите вечни ривали Интер поради лажирање натпревари. Јувентус никогаш не се помири со одземените титули во скандалот Калчополи, па и денес неговите фанови и раководството сметаат дека на својот дрес треба да ја стават и третата sвезда.

На само едно коло пред крајот, Интер вчера го победи Милан и со тоа му овозможи на Јувентус да се израдува на 28та титула уште вчеравечер. На Интер очигледно не му требаше којзнае колку резултатот, но ривалството меѓу градските ривали од Милано е преголемо за Интер да му подари на Милан надеж за да се бори во последното коло од сезоната. Во натпревар во кој имаше многу чудни судиски одлуки, Интер го прегази Милан со 4:2. Последниот гол на натпреварот беше ремек дело на Маикон кое стави точка на еден многу возбудлив натпревар.

Овој натпревар имаше и големо емоционално значење и за некои поединци. Играчот од одбраната на Интер, Кордоба вчера го изигра последниот натпревар во овој дрес и официјално се пензионираше. Да не го заборавиме и Златан Ибрахимович, кој е поранешен играч на Интер и кој по којзнае кој пат се спротивставува на нероаsурите. Интер е ноќна мора за шведскиот репрезентативец каде и тој да отиде.

Сè на сè, преубав фудбал, многу голови, уште повеќе шанси, разгорени страсти. Вистинска фудбалска драма на Сан Сиро.


Автор: Наташа Петровиќ

Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>