Top

Финале во Лига на шампиони: Баерн – Челзи

Повеќето од нас мислеа дека во финалето од Лигата на шампионите повторно ќе се одигра Ел класико, но можеби е и подобро што не испадна така.

Во вторникот на едно големо изненадување на целиот фудбалски свет, големата Барселона одигра само 2:2 на Ноу камп против Челзи, што беше недоволно за да се пласира во финале. Да потсетам, првиот натпревар го доби Челзи со победа од 1:0. Челзи во оваа втора етапа одигра тактички прецизно, пожртвувано, дефанзивно, но ги искористи и двете шанси што ги доби. По исклучувањето на Џон Тери во првото полувреме, Челзи успеа да постигне и гол по водството на Барселона со играч помалку. Рака на срце, Барселона воопшто немаше среќа на овој натпревар, Меси пропушти неколку стопроцентни шанси и утна пенал, што стави точка на овој натпревар. За чудото да биде поголемо, дури и Фернандо Торес успеа да постигне гол за Челзи откако влезе во последните 10 минути од натпреварот, на изненадување на сите, знаејќи ја неговата сушна сезона. Тој им ги сруши сите надежи на навивачите на Барселона. Иако двата тима одиграа навистина цврст натпревар, сепак беше одлична претстава за љубителите на фудбалот. Некои по натпреварот изјавија дека кармата стигна и ја дофати Барселона, која во 2009-та година беше фаворизирана токму против Челзи, во полуфиналето од Лигата на шампионите, во натпревар на кој требаше да бидат досудени бар 3 пенали за Челзи, односно натпревар кој незаслужено го доби Барселона.

Вчера пак, Реал беше елиминиран од Баерн. Откако резултатот по крајот на натпреварот и продолженијата беше ист со оној од првиот натпревар (2:1), се пристапи кон шутирање на пенали. За мене пеналите се најнеблагодарната работа во фудбалот. И двата тима заслужија да бидат дел од финалето, но играчите на Баерн очигледно беа многу повеќе сконцентрирани за време на пеналите. Мурињо не успеа да го однесе Реал во финале и со тоа да си отвори можност за освојување на титула во Лигата на шампионите со трет различен тим во својата кариера. Тој пеналите ги проследи седнат на теренот, многу смирено, но и на него му беше јасно дека единствен сојузник за да го добие натпреварот на тој начин беше среќата која овој пат не му послужи.

Откако се познати тимовите кои ќе играат финале на 19-ти мај, според вас кој има поголеми шанси и повеќе заслужува да ја однесе титулата дома? За кого Вие ќе навивате?


Автор: Наташа Петровиќ

Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>