Top

НОВО Видео: ГОЛА – Дарко Илиевски

Ексклузивецот на Горила продукција, ДАРКО ИЛИЕВСКИ, најави нешто ново и тотално уникатно, а тоа и се случи во новото видео издание за хитот “ГОЛА“, кој деновиве ја доживеа и својата промоција.



Спотот за темата со провокативен наслов “Гола” е дело на режисерскиот двоец Владимир Дади Ивановски и Нена Зафировска. Тие го избраа најдобриот визуелен начин на претставување на “голотијата” која во темата зборува за искреноста, љубовта и довербата која со себе ја носи разголувањето како метафора.

Во ова време кога многу ретко сме искрени пред самите себе, се обидов на сите да им кажам дека можеби најважно е да најдете партнер кој ќе се разголи пред вас, а ако тоа се случи не го испуштајте од раце.” – ни изјави Дарко Илиевски.

Видео записот беше сниман во само една просторија, која за потребите на спотот беше претворена во музичко атеље, а освен Дарко Илиевски, во видео записот втората главна улога ја има Марија Нацева.

Темата “Гола” е дело на хит мејкерот Лазар Цветкоски, кој се потпишува зад музиката и аранжманот, а текстот е создаден од Дарко Илиевски, Лазар Цветкоски и Милан Миланов.

Од матичната куќа на Дарко Илиевски, Горила продукција, најавуваат уште многу нови и уникатни нешта, сè со една цел – зголемување на квалитетот на македонската музичка сцена.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *