Top
Poraka-do-vselenata-iLike-mk

Девојче испрати емотивна порака во вселената до својот татко космонаут

Тринаесетгодишната Стефани сакала на својот татко, кој што е астронаут во Меѓународна вселенска станица, да му испрати порака која ќе може да се види од вселената.

Пораката била реализирана во соработка со компанијата „Хјундаи“, која ја исполнила желбата на девојчето, а притоа направила реклама на која автомобили се движат низ пустина и испишуваат букви и знаци.

Пораката „Стеф те сака“, која што била напишана на исушеното дно на езерото Деламар во Невада била толку голема што влегла во Гинисовата книга на рекорди, како најголема која што е напишана со траги од автомобилски тркала.

Како што пренесуваат медиумите таткото стапил во контакт со својата ќерка и ѝ ја покажал снимката која што ја направил од Вселената, а на која јасно се гледа пораката која му била посветена.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>