
Спотот за темата „НАДВОР“ е снимен во просториите на скопска „Стакларница“, како и во еден подрум и во него се појавуваат стотина статисти. Покрај малите деца, ултимејт фајтерите и девојките од модното студио Мак Моделс, „учесници“ во спотот се и животни кои не се препорачуваат за оние со слабо срце – змии, глувци итн.
Вториот дел од спотот, за темата „ПОВЕЌЕ ОД РАПЕР“, комплетно е сниман во просториите на Renault.

“Сите мои ставови, погледи и мисли се искажани во овие две нови песни. Во спотот горам автомобил, а тоа е само преносна смисла на сè кажано во „НАДВОР“ и „ПОВЕЌЕ ОД РАПЕР“. Двете песни се моја интимна исповед и многу се разликуваат од тоа што досега сум го пласирал во етерот.” – изјавува Тони Петковски.
Новите теми кои од утре ќе можеме да ги слушнеме во радио етерот се со текст на Тони Зен, а музиката, аранжманот и комплетната продукција на Бертан Аслани. Режисер и на ова видео издание на Тони е Мерт Аслани.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!