Top

Туна го отвори концертот на EVE

Една од најатрактивните женски поп пејачки во регионов, популарната ТУНА, минатата недела имаше особена чест да се појави како предгрупа т.е. “загревање” на концертот на големата американска хип-хоп и R’n’B ѕвезда EVE (која досега соработувала со најголемите светски имиња како Alicia Keys, Gwen Stefani, Mary J. Blige, Erykah Badu, Missy Elliott).



Концертот се одржа на 5 јули во преоплнетата сала Тетори во Приштина пред околу 5.000 публика. Туна одржа незаборавен получасовен шоу, во придружба на својот бенд и танчерската група Беатрикс од Скопје, облечена во атрактивна креација на модното студио Тресор.

Инаку Туна за прв пат и се претстави на македонската публика во 2002година како финалистка во тогаш екстремно популарниот М2 Шоу, а нејзиниот актуелен хит “I Asaj” за помалку од 2 недели бележи бројка од 800.000 прегледи на youtube.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *