Top

Влатко Лозаноски под закрила на План Б Продукција

Нема ден, нема ноќ да не мислам на тебе кога лето доаѓа, те сакам ти признавам…” се стиховите од рефренот на новата песна на ВЛАТКО ЛОЗАНОСКИЛОЗАНО со која тој по едногодишна пауза се враќа на македонската музичка сцена.
Песната која е во забавен реге – ритам е авторско дело на Лазар Цветкоски, а текстот го напиша Милан Миланов. Режисерот Даниел Јовески и неговата Сустејн Продукција изминативе два дена на неколку локации во Охрид сними интересна видео приказна за новата песна на Лозано.



План Б Продукција се прошири со уште едно квалитетно музичко име. Влатко Лозаноски е дефинитивно најдобриот машки вокал во Македонија, а ние, како продукција која е во постојан раст и развој, веднаш започнавме со реализација на веќе потпишаниот договор. Имаме богата агенда за Влатко, а за старт на соработката снимивме сингл и видео клип за истиот.” – изјавуваат од План Б Продукција.

Со оглед на тоа што одговорните од План Б Продукција веќе неколку години се активни на македонската сцена и имаат изреализирано неколку албуми и концерти на мои колеги, сметам дека станува збор за професионалци кои си ја знаат својата работа. Не се сомневам во успехот на заедничката соработка која штотуку ја започнавме бидејќи јас лично сум подготвен да ги следам нивните менаџерски инстинкти.” – вели Лозано.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *