Top

Дани: КРОТКА ДИВА

Нашата најпопуларна рокерка Дани Димитровска може да каже дека има скоро сè – прекрасен син, љубов (за која не открива скоро ништо), нов албум, многу хитови, постојано се смее, се забавува, ужива во животот. Но, има и неисполнети желби, концерт на пример, кој, се надева ќе се случи оваа година.



Во моментов Дани е актуелна со нејзиниот нов албум “Во меѓувреме“, а песните од него од самата промоција се вртат на радио станиците.
“Весна Малинова е “мојот човек”, со неа работам десет години наназад. Мој продуцент, композитор, текстописец… Секоја песна што ќе ја напише таа е откинато парче од моето секојдневие, дел од помината реална љубовна приказна, дел од мене… Токму во овој албум се врежани големите љубови, сонцето, безбројните насмевки на лицето, бомбите од енергија, вистинските позитивни гледања на нештата, по некој феминизам, неизбежната тага, болка, солзи…

Нејзиниот музички стил доживеа мали промени низ годините, но сепак Дани останува препознатлива и по имиџот, по гласот и по музиката што ја пее. И во овој период од 10-11, таа порасна.
“Природно е човек да се менува и созрева… музички и општо. Кога би погледнала наназад, веројатно сум поцврста во своите ставови, појасна е визијата за себе, принципите се веќе устав, а мотивите и гладта по успех е на константен висок напон… Духот и темпераментот мислам дека никогаш нема да ми се променат! Тука сум заглавена на 9-годишна возраст :)”.

Дани е првата македонска пејачка чијашто песна се најде на топ листата на МТВ Адриа и одлично котираше на истата.

“Секако дека значи многу… но не повеќе од било кој успех во мојата земја. Мислам дека МТВ повеќе им значеше на овдешните, некако кај нас има правило дека мора да доживееш успех надвор за да те прифатат дома!”

Музички предизвици има. Вели, со предизвикот гитара се бори од скоро, а професор е нејзиниот соработник Дарко Тасев.
“Признавам, добро ми оди. А како желба, сè уште ми стои концертот кој си ветив дека ќе биде оваа година”!

Дани е и рок стар и мајка… Ама успешно ги спојува двете работи во едно..
“Ако не ги бива, не можеш да ги споиш. На сцена сум дива, дома сум кротка. Битен е балансот”!

Што вели Лазар за твојата работа? Дали е критичар на твојата музика или му се допаѓа сè што правиш?
“За негови години одлично се носи со сè што носи оваа работа. Пробувам да го заштитам и што помалку да го инволвирам во неа. Тој е од модерното време. Се “фура” на хип хоп и рап. Навлечен е на Еминем и 50 Цент, а за домашните сè уште не се изјаснил”.

Колку често успеваш да испиеш лезетско кафе со другарките и да си се “истрачате” на раат?
“Многу ретко, но затоа е и квалитетно. Замисли да трачарите секој ден, цел ден, тоа за мене би било самоубиство. Вообичаено родендените ни се главните гледања, па со две чашки вино ги решаваме сите љубовни проблеми, на секоја, ха, ха”.

Тетоважи, пирсинг…?
“Тетоважи три “комада” и еден пирс”.

Дали си заљубена?
“Се бранам со молчење :).”

Што ќе им порачаш на твоите фанови?
Да го преслушаат албумот, да си го чуваат здравјето и да бидат искрени кон себе и најблиските“.

Интервјуто е преземено од TAA & TOJ.

Facebook FAN page




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *