“Клубот на Евровизиски фанови ОГАЕ Македонија има чест да упати срдечни честитки до нашата евровизиска претставничка Калиопи Букле и нејзиниот тим, за нејзиниот перфектен уметнички настап, влезот во големото финале, врвното претставување на Македонија и освоениот пласман.
Посебно искажуваме задоволство од нејзината амбасадорска мисија и големи честитки за освоената престижна награда од Националната музичка академија на Aзербеџан.
Претставниците на клуот, Игор Трајковски и Милка Малезанова ја следеа музичката ѕвезда на нејзиниот музички поход во Баку, Aзербеџан, и заедно со останатите членови на клубот ја изразија својата безрезервна поддршка за големата уметничка.
На Калиопи во иднина и посакуваме уште поголема европска кариера и уште еднаш изразуваме благодарност за нејзиното достојно претставување на Македонија на најголемиот музички спектакл, кој ги обединува земјите и народите.”

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!