Top

HIGH CONTROL со MTV премиера

Видео записот на песната “ДОСТА” ексклузивно ќе биде промовиран на мрежата на MTV Adria т.е. на официјалниот интернет портал mtv.rs во четврток, 17-ти мај 2012, точно на пладне, а веднаш потоа како предлог на топ листата Домачица.



Роберт Матовски, Гоце Симоноски, Игор Мариниќ и Јосип Сензел – сето тоа изработено од Горила Продукција под режисерската палка на Владимир Ивановски – Дади и Нена Зафировска, преку видео запис сакаа да нѝ доловат едно гледиште на тоа каков е животот на младо момче кое расте на овие простори каде секој ден, наместо да се занимава со детските игри, расте под притисокот на медиумските објави, вести и манипулации, неможејќи да ужива во благодетите на детството и младоста.

Се сеќавам дека уште додека бевме деца, нашите родители по цел ден гледаа вести, нервозно разговараа и се расправаа со телевизорот. Помина време, а ние станавме копија на нашите родители – гледајќи по цел ден вести, плашејќи се од глобалното затоплување, плашејќи се од криминалците и насилниците, плашејќи се за нашата иднина. Епа сега велиме дека е ДОСТА – доста ни е од сè. Мораме да размислуваме позитивно и да ги поправиме грешките, да создадеме еден подобар свет.” – ја објаснува тематиката и инспирацијата за песната и спотот, фронтменот на бендот – Роберт Матовски.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *