Таа е една од нашите најатрактивни манекенки и водителки. Сите велат така. И момците, ама и девојките. Природна е, шармантна, насмеана, едноставна, а заводлива… да не можеш да го тргнеш погледот од Драгана Чуприна.
Манекенка, водителка… како се доживуваш самата и како сакаш повеќе да те препознаваат луѓето?
“Започнав како манекенка, а потоа сосема ненадејно се најдов и во водителските води. Искрено, веќе и не се доживувам себеси како манекенка, најверојатно затоа што не се занимавам со таа професија активно како порано. Сепак, не ми пречи кога ќе прочитам “манекенката и водителка” Драгана Чуприна, тоа се мои достигнувања со кои се гордеам“.
Таа е пет години дел од светот на модата, период исполнет со снимање реклами, со бројни ревии, фотосесии и насловни страници…
“Желбата за ова ја имав уште од мала. Се сеќавам дека само што ќе се разбудев наутро, првата работа што ми паѓаше на памет беше “каде ми се шминките?”, ха ха. Долго време се убедував со татко ми да започнам да работам и на крајот, кога се одлучив, првите чекори ги научив во модното студио Црнокрак, со коешто и ден денес работам“.
Семејството “Бекстејџ” е навистина големо – Драгана, Марјана, Снеже, Маријана, Марија, Јуле.. и секако едно момче – Миро. А тоа се само лицата што се појавуваат пред телевизиските камери.
“Нашето семејство функционира беспрекорно. Дружбата ни започнува рано наутро, трае до вечерта, а забавата продолжува и по работното време на крајот од неделата. Пред некое време сите заедно бевме на една забава и тогаш за прв пат слушнав дека Мира (Миро) и Јуле се најзгодните новинари во Бекстејџ, ха, ха. За Јуле знаев одамна, ама за Миро се колнам дека прв пат слушам, ха, ха, ха“.
Од што се плашиш најмногу?
“Не знам, понекогаш не плашат и мали работи, најмногу ме плаши тоа да не им се случи нешто на луѓето што најмногу ми значат во животот, родителите, пријателите, личностите што ги сакам“.
Среќна ја прават убавите моменти од животот. Се радува на мали нешта, на убави работи кои и се случуваат и ја расположуваат.
“Ме вади од такт тоа кога сакам да одморам, мојот телефон не престанува да ѕвони, мислам дека тогаш сите ме бараат и на сите сум им потребна. Како намерно да не ми вртат во друг дел од денот, ха, ха“.
Најголемиот дел од парите ги троши на на гардероба, парфеми и чевли, но вели дека во последен период најмногу пари троши на сметки за телефон. Не и пречат озборувањата на нејзина сметка, но за себе вели дека не сака да озборува, па затоа и не ја интересираат муабетите коишто ги слуша за себе.
“Има едно правило, дека ако некој те озборува тоа значи дека вредиш доколку не вредиш зошто луѓето би ви посветувале дел од животот и времето за да ве следат и анализираат!? Се што се зборува и што се пишува е само реклама и внимание плус за мене. Мала држава сме секој секого знае па така не ме чуди што и да чујам.“
Дали мислиш дека девојките ти љубоморат на врската со Стефан?
“Не знам, мислам дека Стефан си има свои фанови кои навистина го почитуваат, следат и сакаат поради музиката која ја прават заедно со Мартин. И двајцата се трудиме оние негативни коментари да ги занемаруваме, а свесни сме дека секогаш ќе има и позитивни страни и негативни, ама и девојки кои ќе го сакаат и почитуваат, но и такви кои ќе бидат љубоморни.“
Кој реши прв да каже дека сте заедно или ве “уловија” папараците?
“Морам да признаам дека имавме голем притисок затоа што не сакавме приватноста да ја делиме со сите, нашата цел не е она што ние го имаме да го продаваме по таблоидите само поради насловни страници и слично. Долго не сакавме да зборуваме за нашата врска но поради притисокот, и за да си олесниме самите на себе Стефан беше тој кој што прв прозборе за нас.“
Можеш ли да живееш без љубов?
“А кој може да живее без љубов? Љубовта е таа што го движи светот. Така и јас, кога има љубов се е поинаку, среќни сте, расположени, позитивни и пријатни за околината. Нормално дека не можам да живеам без љубов, не мора да имате момче или девојка за да сакате, најголемата љубов ја давате најпрво на оние кои ве донеле на овој свет.“
Дали некогаш си му пришла прва на момче?
„Се сеќавам во основно училиште ми се допаѓаше едно другарче од одделението, а другарките ми помогнаа и ми дадоа поддршка да појдам и да му кажам дека ми се допаѓа.“
Во име на љубовта, Драгана би…
„Подарила дел од вечноста (мојот живот) на личноста која најмногу ја сакам во животот.“

Интервју: ТАА & ТОЈ
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
NEznam zasto site gledate vo facata koga poveke e vo teloto a taaa nema tolku jako telo bezveza…
ABE STANOJA ABE SO SI TI AAAA DA I NOSIS VODA MOZES DA SI GI MIE NOZETE KOLKU E JAKA, NAJJAKA U MAKEDONIJA.
dragana mn si ubava
i glavati i teloto i se ubavi
sve e OK…samo treba da go izbaci malce ciceto!!!
jas neznam stefan so nasol vo nea ama mene toj mi mnogu poubav i odobar od nea .