Top

Маја Саздановска и DNK снимија спот за “ДИСКО ЏУНГЛА”

Минатата недела на две локации во Скопје, R’n’B дуото DNK и Маја Саздановска снимија видео запис за нивниот заеднички хит “ДИСКО ЏУНГЛА” зад кој се потпишува Дарко Димитров, со текст на Панчо и Магдалена Цветкоска-Ена. И овој пат момците за својата публика направија нешто несекојдневно за кое и самите велат дека со нетрпение очекуваат да го видат на ТВ екраните.

Самиот видео запис ќе биде анимација со несвојствени работи според самата песна. Во него јас се појавувам како продавач на дијаманти во ексклузивната продавница за скапоцен накит “Тезоро”, а стајлингот на сите тројца ни е многу интересен. Еден дел од спотот се снимаше и во студиото на Томато, па се надевам дека дечките од таму и овој пат ќе спакуваат одлично видео парче кое и јас со нетрпение очекувам да го видам.” – вели Панчо.

Промоцијата на спотот за “ДИСКО ЏУНГЛАDNK и Маја ја најавуваат за десетина дена. Во меѓувреме R’n’B дуото неуморно работи на агендата која ја постави за оваа година. Минатата недела во радио етерот беше пуштен нивниот добро познат хит “Благодарам Однапред” но овој пат во живо од нивниот концерт од 24-ти септември минатата година, во придружба на Браќата Тавитјан. И за овој старо-нов хит DNK најавуваат видео запис со инсерти од самиот концерт.


iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *