Top

DANN е тотален фрик (ТАА интервју)

Бидејќи деновиве ја промовира својата нова песна логично е прашањето – дали е Даниел тотален фрик?
“При здрав разум и чиста свест одговорно потврдувам – ДА!”

Од “Губам од себе” кога го запозна публиката до “Тотален фрик”, поминаа малку повеќе од три години.
“Мојата соработка со Масе започна со, според многумина, неповторливата “Сила на љубовта”, а кулуминираше со мојата последна балада “На некој друг”. Тоа се песни кои ме дефинираат како пејач. Сепак верувам дека и “Тотален фрик” каде со Билјана Пашариковска се појавувам и како ко-автор на текстот, е мојот следен скок, кој пред сè ќе ги помести моите граници за тоа што значи да се биде артист.”

Даниел е дел си од Масив скај мјузик. Со Александар Масевски соработуваат веќе две години, а Данн со насмевка се сеќава на нивната прва средба.
“Се запознавме во навистина интереси околности, буквално на плажа во Преспа, кога јас се подготвуваз за настап на Охрид Фест 2008 година. Се сеќавам дека му испеав неколку светски хитови меѓу кои и “Carry”, “Angels”, “Hero” и неколку свои песни. Не верувам дека беше пресудна некоја песна за да започнеме соработка, туку чувството дека сме на заедничка фрекфенција”.

Во подготовка е и неговиот прв албум.
“Мојата најголема желба во моментов – албум, ха, ха. Подготовките се наше секојдневие. Сè уште немаме прецизирано датум, ни број на песни кои ќе се најдат на албумот, но го планираме за првата половина на следната година. На одредени песни ќе се појавам и како автор на музиката и текстот, ама најважно е тоа да биде спакувано онака како што сметам дека треба да биде мојот прв албум и со сигурност да можам да кажам дека тоа е најдоброто од мене”.

За да создаде една песна инспирацијата ја црпи од секаде – случувања од неговиот живот, случувања на моите пријатели… книга, филм.
“Не знаеш кога ќе ти дојде музата. Се случува да се разбудам во 3 часот по полноќ и да напишам песна, да компонирам… Создавам ново дело само тогаш кога имам што да кажам, кога ќе почувстувам дека “тоа е тоа”. За среќа, тоа не е ретко”.

Која ти е неисполнета музичка желба?
“Пред сè албум, а потоа и концерт. Најголемата сатисфакција за успехот на еден музичар е концерт… полн концерт. Таму ќе бидам свој на своето”.

Колку често бегаше од часови за да пееш?
“Ха, ха, па добро, не бегав, туку бев ослободуван за да подготвуваме училишни претстави. Понекогаш знаев да си ги продолжам пробите на своја рака. Ама со песна се поправаат многу работи”.

Даниел бил и “дежурен забавувач” на училиште…

“Се сеќавам дека без разлика за кој предмет се работеше, доколку имавме порелаксирана атмосфера, секогаш следеше “И ајде сега да го чуеме Даниел”. До сега немал поплаки од соседите за гласното пеење дома. Вели, сите соседи му се супер.

“Порано добивав аплауз, па црвенеев кога ќе поминам на улица. Ама сега веќе мислам дека се навикнати и се надевам дека уживаат”.

А те тераат ли пријателите да им пееш кога ќе се видите?
“Мислам дека немаат потреба од тоа, реално имаат проблем да ме сопрат”.

Слободното време го “троши” на себе.
“Сериозно, на себе и само на себе, да ми биде мене убаво… со моите најблиски и на нешта кои ме прават среќен :)”.

Дали те вадат лесно од кожа? Држиш ли лутина?
“Убаво ми е во мојата кожа, така што не ја давам толку лесно, ха, ха, ха. Имам доста висока граница на толерантност и не држам долго лутина – не е добро за здравјето”.

И покрај ова, не може да поднесе его и суета, тоа му пречи најмногу од сè.
“Луда комбинација која слепо вели “Јас сум најдобар”. Ама бидејќи не сакам конкуренција, брзо ги разрешувам со игнор, ха, ха”!

Во дневните ритуали на Даниел на прво место е Фејсбук.
“Не можам да си го замислам денот без Фејсбук. Страшен е податоков, признавам, ама вистинит, ха, ха. Не би можел без музика, без фино подготвено турско кафе и без неколку луѓе кои ми го прават денот исполнет :)”.

Имаш ли време за љубов?
“24/7… 365/23… до бесконечност”.

А што би сакал да постигнеш во животот?
“Јас веќе постигнав сè што ми треба… Сега го живеам :)”.

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *