Top

Гран При за Боби Мојсоски на “Славјански базар 2012”

Во конкуренција на 20 учесници од 20 земји, со беспрекорната изведба на неговата “Те краде тој”, “Дождлива песна” од Марјан Стојановски и “Whataya want from me” од Адам Ламберт, БОБИ МОЈСОСКО ги освои симпатиите на публиката и стручното жири составено од 11 музички ѕвезди компетентни за оценување на вокалната техника, интерпретацијата и сценскиот настап на учесниците.



Пресреќен сум што се враќам во родниот крај со Гран При од Белорусија. Да се учествува на еден ваков голем фестивал, пред публика и жири комисија која внимава на секој детаљ во оценувањето на квалитетот на изведувачите е предизвик и привилегија за секој музичар. Оваа награда е навистина посебна за мене и чест ми е што со неа го наследив мојот музички херој Тоше Проески.” – возбудено изјавува Боби.

За прекрасната изведба на композициите заслужен беше и оркестарот на Михаил Финберг составен од стотина музичари со кој неколку дена пред фестивалот Боби имаше проби. Восхитот на публиката и жирито за неговата вокална интерпретација за време на настапот на сцената во Витебск беа сигурен предзнак дека Боби ќе добие висок пласман.
Свеченото доделување на наградите ќе се случи во текот на денешниот ден, а Боби ќе се врати во Македонија за неколку дена кога ќе завршат сите активности поврзани со “Славјански Базар” кој важи за еден од најмоќните фестивали во светот.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *