Top

“АВИОННН” е новиот хит на ДНК

Спортскиот аеродром во близина на Свети Николе беше местото на снимање на новиот видео запис на R’n’B двоецот DNK, за темата “АВИОННН” чија што радио и видео промоција ќе се случи на 1-ви јуни.



Нумерата која е авторско дело на Лазар Цветкоски и Панчо во моментов се мастеризира во едно од најголемите водечки музички студија во светот Abbey Road Studios во Лондон.

Снимањето на новиот видео запис беше несекојдневно доживување за нас. Во него се појавуваме како пилот и моторџија, а да се одглуми сето тоа беше интересно искуство и голема задача која одлично ја изработивме. Нашите обожаватели и поддржувачи премиерно ќе ја слушнат Авионнн на 1-ви јуни, кога ќе биде промовиран и видео записот за чија изработка се задолжени нашите драги пријатели и соработници Томато Продукција.” – изјавуваат момците од ДНК.

По издавањето на овој сингл, Панчо и Андреј ќе продолжат со подготовките за нивниот анплагд концерт закажан за 29-ти септември во Универзалната Сала во Скопје.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *