Top

ВТОРА СУПЕР РАСПРОДАЖБА НА МАКЕДОНСКA MОДA

Со оглед на успехот на претходната, тимот на Лудус заедно со барот Дамар организираат втора распродажба овој викенд. Со огромно задоволство Ве покануваме на дводневниот настан што ќе се одржи во барот Дамар во Старата Чаршија во сабота (12-ти мај) и недела (13-ти мај) од 12 до 20 часот.

Новитет овојпат на распродажбата се македонската модна етикетa Acidwear која ќе понуди и облека за деца до 12 години, како и накитот од Дафина Џепаровска. Пoкрај нив ќе се најдат и нови намалени производи од Ludus Loves Fashion, Chic Undercowear, Eлена Спасовска, Vibrazioni од Александра Митковска како и накит од Капка – дизајн на Јана Ацевска.

Во барот Дамар повторно ќе бидат понудени над 100 парчиња облека, накит и додатоци чии цени ќе се движат до 3000 денари.

Ве покануваме да се почестите дизајнерско парче во несекојдневен амбиент!


Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>