Утре, 26.04.2012 година (четврток), Женскиот Младински Хор при МКЦ под диригентство на Сашо Татарчевски ќе одржи концерт по повод јубилејот – 40 години постоење и успешна работа.

Ова е прв во низата концерти со кои ќе се одбележи јубилејната 2012 година, а ќе биде посветен на духовната музика, која во изминатите 4 децении претставувала важен дел од широкиот репертоар на ЖМХ.
Покрај сегашниот состав на хорот, публиката ќе има можност по подолго време на сцена да види и голем број од поранешните членови и раководители на хорот.
Концертот ќе се одржи во храмот “Пресвета Богородица” со почеток од 19.30 часот.
Влезот е слободен.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!