Top

Free download: Заборави сé – Ѓорѓи Крстевски

По повеќе од едногодишна пауза од естрадата и македонската музичка сцена, нашииот  најпознат кантавтор Ѓорѓи Крстевски го промовира во етерот новиот сингл насловен како “Заборави сé”. Иако насловот асоцира на балада, песната која е во брз ритам е дефинитивно нешто ново во неговото музичко творештво и пријатно ќе ги изненади неговите фанови. Музиката, текстот и аранжманот како и на досегашните песни ги потпишува Ѓорѓи, додека миксот и мастерингот го сработија Бобан Апостолов – Џани и Ѓорѓи Крстевски, а Бобан беше задолжен и за сите живи гудачи во песната. Песната е снимена во новоотвореното студио на Ѓорѓи – “Крстевски”.
Ѓорѓи и iLike.mk Ви го подаруваат неговиот comeback сингл. Симнувајте!! ; )

Доколку сакате да ја превземете песната, десен клик на следниов линк и изберете Save link as (или Save target as).




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *