Вечерва во клуб Колосеум се одржа концертот на Суперхикс по повод 17 години од нивното постоење на сцената. Концертот кој беше најавен како ‘Интимно со СУПЕРХИКС и другарите’ нетрпеливо го очекуваа сите нивни обожаватели, а дека се во голем број, се покажа и вечерва.
Забавата почна со бендот ‘Новиот почеток’, кои убаво ја подгреаја атмосферата, а таа максимално се вжешти со доаѓањето на главните актери на сцената.
Целиот настан не може да се опише со зборови. Насмеани лица, луѓе кои скокаат, буквално беше како во џунгла, секако во позитивна смисла. Колосеум трештеше, но не само од доброто озвучување, туку од посетителите кои непрестајно ги пееја песните кои секако ги знаеја наизуст.
Од градот кој тие го најавија како град на забавните луѓе, Штип, пристигна и специјалниот гостин, Раде Рогожаров, кој како и обично си протрча низ сцената.
Концертот заврши се рабира, со нивно повторно враќање на сцената,а и со конфети. И да, ни ветија дека пак ќе не почестат со уште еден концерт за нивното полнолетство.
Алал да им е за одличната журка!










Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!