Ако на едно место го ставиш албумот “Одговор”, три спота, две недели на прво место на МТВ Адриа за песната “Веќе мое не е” и ги промешаш силно, па ги зачиниш со интензивни живи рок свирки, ќе го добиеш Мартин Србиноски – вистински мултиталент: пејач, тв водител (на две емисии – На лице место и Cool-тура), радио водител во Охрид на охридското Супер радио… Вистински шоумен. И позитивен тип со позитивно луд смисол за хумор.
Каков си приватно?
“Па многу подобро отколку државно : ).”
Наоѓаш ли време за пријателите? Што правите најчесто кога сте заедно? Те тераат ли да им свириш и пееш?
“Постојано и тоа ме нервира понекогаш. Јас глава не можам да кренам (фала му на Бога) од настапи, и уште кога сум слободен да пеам за некого? Нема шанси! А во слободното време најмногу сакам да шетам, тоа најмногу ме смирува и ме релаксира…”
Повеќе сакаш да дремеш пред телевизор или да сурфаш на нет?
“И двете! Додека гледам ТВ лаптопот е пред мене (и самата знаеш дека сум постојано вклучен на фејсбук).”
Колку тетоважи имаш? Која ти е омилена? Кога ја стави првата?
“Имам 4 тетоважи: Ракав – змеј на левата рака, ѕвезда и оган на десната и миркофон на десната страна од вратот.”
Те тресе ли и тебе фудбалската манија или си љубител на некој друг спорт? (Што сакаш најмногу да гледаш? За кого навиваш? Или не си спортски тип?)
“Воопшто не следам фудбал и скаран сум со секој вид спорт кој инволвира игра со топка J. Многу повеќе сум љубител на екстремните спортови затоа што и самиот прво возев скејт, а потоа ролери. Мислам дека сé уште можам да направам неколку финти со ролери: соул, фифти фифти, граб… пробајте ме!”
Што би сакал да пробаш, направиш во животот а не си искусил до сега???
“Да одам сам на некое тропско место, океан, со свеќи, нежно ветренце и комплетна музичка опрема со продуцент… Каков само албум ќе излезе од тоа, а?”
Извор: ТАА & ТОЈ
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!