Top

НОВА Песна: МОЖЕШ ЛИ – Тамара Тодевска

Можеш ли ти да знаеш колку пати јас се борев само за нас, можеш ли ти некогаш да сфатиш колку пати пробав да те задржам…“ – овие стихови ги напиша Тони Зен за еден од најдобрите женски вокали во Македонија – ТАМАРА ТОДЕВСКА, која потоа ги испеа како рефрен во нејзината најнова песна. Музиката за темата која е насловена “МОЖЕШ ЛИ” ја направи Бертан Аслани, авторот и на претходниот нејзин хит “Нејќеш да сум сама” зад чии стихови исто така се потпиша Тони.



Одлично е да се соработува со професионалци како што се Бертан и Тони. Едноставно влегуваме во студиото на БМА Продукција и веднаш се произведува хит. “Можеш ли” е прва песна во која и јас учествував во создавањето на музиката. Песната го има оној филм и бунтовен ритам како “Нејќеш да сум сама”, па се надевам дека ќе ја има истата слушаност и ќе и се допадне на мојата публика на која и ветив нов звук, нова јас.” – изјавува Тамара.

“Можеш ли” е втора тема од Тамара која е пуштена во радио – етерот по потпишаниот двегодишен договор со Симплисити Продукција. Нејзиниот нов албум кој ќе излезе во март оваа година ќе содржи десетина песни со модерен и квалитетен звук поинаков од оној што досега сме го слушале од неа.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *