“Долго време трагавме по нов ексклузивец на Симплисити, сакавме тоа да биде име кое значи одличен вокал, подготвен за реализирање на нешто добро, како звук и продукција, но и артист кој ќе ги следи нашите менаџерски инстикти, притоа не заборавајќи на својот сопствен печат и белег, кој тоа име го направило во македонската музика. Тамара Тодевска е вистинскиот избор, затоа што има одлични вокални способности, знае да испее сè, а публиката треба да процени дали сме на вистинскиот пат.” – велат од Симплисити Продукција.
ТУКА (десен клик и изберете save link as.. / save target as..) симнете ја “НЕЈЌЕШ ДА СУМ САМА” и збогатете ја Вашата домашна аудио колекција!!
![]()
За старт на соработката , покрај новата фото – сесија на Тамара која беше изработена во текот на минатата недела од Дарко Мораитов, Симплисити Продукција го издаде нејзиниот најнов сингл насловен “НЕЈЌЕШ ДА СУМ САМА” кој таа неодамна го сними во студиото на Бертан Арслани, кој е и автор на песната, а текстот го напиша Тони Зен. Според договорот, Симплисити Продукција ќе биде одговорна за кариерата на Тамара во наредните две години, период во кој продукцијата треба да го издаде нејзиниот нов албум, кој веќе се подготвува.
“Се одлучив Симплисити Продукција да биде мојата матична куќа во наредниве две години поради пријателскиот и професионалниот однос кој го имаат. Со оглед на фактот што Тони како единствен ексклузивец на Симплисити досега има издадено 3 албуми, многу видео записи и два концерти, сметам дека навистина станува збор за професионалци кои ја знаат својата работа. Задоволство ми е што ја почнувам соработката со нив и не се сомневам во успехот на заедничките проекти.” – вели Тамара.
Најновиот сингл на Тамара “НЕЈЌЕШ ДА СУМ САМА” вчера официјално беше промовиран во радио етерот, а минатата недела беше снимен и видео запис за истиот кој го режираше Мерт Арслани. Во видео записот кој што беше снимен на каменоломот на Козјак и во еден хангар во Стенковец, поддршка на Тамара и даваат нејзините пријателки, светски познатата манекенка Катерина Ивановска и актерката Ана Стојановска. Видеото ќе биде промовирано за десетина дена.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
