Top

СКОПЈЕ 2011 – Избор на песна за Евровизија

Помина и овогодинешниот Скопски фестивал, на кој по традиција се избира претставникот за Евровизискиот фестивал, кој оваа година ќе се одржи во Дизелдорф, Германија. Настанот се одржа во Универзална Сала, и мора да признаеме дека организацијата годинава беше подигната на некое повисоко ниво.
Изборот помина со супер нумери, кои се надеваме ќе бидат слушани по националните радија и телевизии, но сепак еден мораше да ја однесе победата. Еден од фаворитите, се разбира, Влатко Илиевски е тој кој ќе ја претставува нашата држава во Германија. Русинка’ е песната која со сигурност ќе почнете да си ја потпевнувате уште деновиве, а за истата се одговорни:  музика/Глигор Копров и Владимир Дојчиновски/, аранжман/Владимир Дојчиновски и Јован Јованов, текст/ Марко Маринковиќ – Слаткар/.

Мартин Србиновски го зеде второто место со песната ‘Рам там там’, кој исто така ќе настапи на фестивалот Сунчане скале , а третото место го земаа групата Offside со песната ‘Секој ден’.

Настанот беше збогатен со настапите на Драган Мијалковски, Ѓоко Танески, Феминем, Суперхикс, и секако прекрасната Елена Ристеска.

Напред за Влатко!



Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Facebook FAN page




1 Коментари

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *