Top

Створен да те сакам – Даниел Данн

Даниел Данн ја продолжува својата успешна соработка со композиторот Александар Масевски. „Створен да те сакам“ е насловот на нивниот нов, шести по ред, зеднички сингл.

Оваа тема, која по само едно слушање сигурно ќе го најде своето место кај публиката, стилски потсетува, а сепак се разликува од сите претходни песни на Даниел. Музиката за „Створен да те сакам“ ја направи Масевски, а за текстот се погрижија тој и Билјана Пашариковска. Песната е клубска, брза, комбинација од гитара со латино звуци, електронски саунд и рапување, заради што во 4 минути слушателот ќе го пренесе низ неколку музички приказни.

„Створен да те сакам“ е првата песна која Даниел ја промовира по потпишувањето на договорот со својата нова продуцентска куќа Gorilla Wild Entertainment, која во иднина ќе се грижи за неговата музичка кариера.

“Створен да те сакам” ја имате на плеерот. Џускајте!! ; )

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *