Top

DRAMA Premium by Ивана Кнез

Drama Premium, lux едиција, е најновото нешто од работилницата на Ивана Кнез. Станува збор за мини колекција составена од десет парчиња: пет крагни, три пластрона и два пара манжетни. Инспирирана од машка кошула, Drama Premium ја доловува моќноста на работната жена акцентирајќи ја женственоста со вечната убавина на бисерот. Убавина на класичен начин и можност за уникатно уживање во работното секојдневие. Уникатните парчиња може да се погледаат на www.ivanaknez.com.

Очекуваме оваа колекција да го има во најмала рака успехот на претходната “FUN FOR ME Drama Summer 2010“ која беше распродадена за краток период.

За скоро време Ивана Кнез ќе презентира нешто ново на кое веќе се работи. Тоа секако ќе бидат парчиња кои ќе имаат за цел до максимум да ја истакнуваат женственоста на припадничките на понежниот пол.






Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *