Top

Колекција од „АСОС“ за модерни девојки, есен-зима 2013/14

Како многу други популарни брендови, и „АСОС“ ја претстави својата колекција за сезона есен-зима 2013/14. Оваа колекција е мошне ценета поради нејзината практичност, удобност, едноставност, креативност и уникатност. Со сигурност, од оваа колекција ќе пронајдете модел кој совршено ќе ви одговара. Колекцијата претставува симбиоза од неколку трендови, како гранџ, панк и томбој, но во основата лежи ретро стилот.

АСОС (2)

Општо земено, колекцијата за претстојната модна сезона е доста широка. Најзначајни елементи се палтата со покуси, но пошироки ракави.

АСОС (3)

За оваа колекција, дизајнерите на „АСОС“ се фокусираа на неколку основни бои, вклучувајќи темно кафеава, сива и бела, како и појаки нијанси на розова, жолта, сина и портокалова.

АСОС (4)

Принтовите се неизоставен дел. Застапени се карирано, линии, точки, анимал текстури и слично.

АСОС (5)

Кога сме кај аксесоарите, линијата изобилува со плетени капи, перфорирани чанти, ранци, шалови, а исто така и чевли со повисока платформа.

АСОС (6)

Прекрасна колекција, зарем не?

Автор: Ивана Петковска


Сакаш да објавиш статија? Контактирај нè!




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *