
Уште еден филм кој се базира на вистинита приказна. Филм во кој е прикажана храброста на еден човек да ги преземе сите неопходни мерки со цел да преживее. Оваа животна авантура исполнета со хумор, иронија, халуцинации е добитник на три Златни Глобуси, а номинирана е и за шест Оскари меѓу кои и Оскар за главна машка улога (одличниот James Franco кој го одигра ликот на Aron Ralston) и за најдобар филм (Danny Boyle, режисерот на Slumdog Millionaire).
Сте се запрашале што би направиле доколку се наоѓате заглавени во безизлезна ситуација повеќе од 5 дена, со само пола литар вода, без храна, и со еден тап нож? Не се прашувајте, погледнете го филмот!
Автор: Nowe
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!