Top

ТОНИ ЗЕН со MTV премиера на “ТРИ”

Вечерва (12.12.2011 година, понеделник) во 20 часот, ексклузивно на регионалниот музички канал МТВ ќе биде промовиран новиот видео запис на ТОНИ ЗЕН за темата “ТРИ” кој летово беше снимен под режисерската палка на Мерт Аслани од БМА Продукција.

Да потсетиме, “ТРИ” е авторско дело на Бертан Аслани и е дел од последниот студиски проект “Тони Зен е… Суперзен”, а текстот за неа го напиша самиот Тони. Во видео записот, според самите стихови, три исклучително атрактивни и секси девојки се грижат за Тони, од кои едната го учи, другата го негува, а третата го служи во авион.



Прекрасно беше чувството истовремено да се слуша звукот на ферари и работењето на моторот нa авион. Не сум љубител на брзи и скапи автомобили, но сепак ќе речам – ферари си е ферари. Презадоволен сум од тоа што целата екипа, иако непрекинато работеше цели два дена, сепак го даде својот максиму. Едвај чекам да ја видам вечерашната премиера.” – вели Тони Зен.

Пред десетина дена и спотот за песната “Говор тела” која е соработка на Тони со белградскиот состав Маракуја беше промовиран на регионалниот МТВ. Видео изданието беше само најава за она што ќе се случува на 29-ти декември во Универзалната Сала во Скопје – концертот “Тони Зен и Маракуја во Интимни Односи”, кој исто така ќе биде поддржан од МТВ.

Концертот на 29-ти декември ќе биде многу поразличен од оние кои досега сте ги следеле и гледале од мене. Овој ќе биде поинтимен и со многу душа, а тоа ќе го почувствува и самата публика во салата.” – изјавува Тони.

Симплисити Продукција која е организатор на концертот најавува едно поинакво, поинтимно предновогодишно дружење, со Тони Зен, Маракуја и нивните гости.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *