Top

Нов театар во Скопје: THEATRA

Theatra е движење за развој на театарскиот израз и уметничката слобода.
Посветена е на театарската уметност и има за цел да ја развива театарската продукција, театарскиот израз и слобода поинаку од она што се очекува. Функционираме како независен театар што продуцира претстави преку иновативни уметнички форми. Театар што ја сервира вистината до сите луѓе, што комуницира со секаква публика, бега од стереотипите и досегашната слика на денешната култура. Театар што отвора простор за нови идеи и тенденции на театарската сцена. Theatra e сама по себе причина. Ова не е револуција, ако така Ви изгледа. Ова е само логичен чекор.

Мисија: Покренување на стандардот на уметничкиот израз и посочување на конфликтите кои го засегаат современиот човек. Развој на театарскиот продукциски сектор откривајќи ги вредностите кои ќе ја зголемат свеста за театарот кај луѓето.

Визија: Да се создаде театар што ќе ја крене свеста кај луѓето и ќе ја врати потребата да се оди во театар. Да се подобри квалитетот на театарскиот израз и да се постават нови критериуми за квалитет на театарските изведби.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Facebook FAN page




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *