Top

ПРОМО: Солена соба

Студиото за солена терапија – Солена Соба се наоѓа во населба Аеродром е најголемото студио за терапија од ваков вид во Македонија. Со прекрасен амбиент и одлична услуга ќе бидете пречекани и ќе ви биде објаснато се што сакате да знаете за солената терапија.



Покрај тоа што има лековито дејство за луѓето со проблеми на дишните патишта, хронични болести, алергии, дерматолошки нарушувања и сл. солената соба е одличен начин за релаксација и одмор по напорниот работен ден, ќе ви помогне да се ослободите од напнатоста, стресот и негативната енергија. Посветете си 40 минути за себе и апстрахирајте се од сите мисли, опуштете се и уживајте во релаксираната атмосфера.

Во овие ладни денови солената соба може да ви помогне да го зголемите имунитетот и да се заштитите од настинки и грипови.

Повеќе за зачетоците на солената соба, ефектите, халотерапијата и се останато ќе ви објасни косопственикот на Солената Соба – Александар Гаштаров:

Што добиваат клиентите од посета на солена терапија:

– Се ослободуваат од хронични белодробни заболувања (астма, воспаление на белите дробови, бронхитис, цистична фиброза)
– Се ослободуваат од алергии кои влијаат на УНГ (уво-нос-грло) и појава на болести како што се ринитис, синуситис, фарингитис, ларингитис
– Го зајакнуваат имунолошкиот систем и ги намалуваат алергиските симптоми
– Прочистување на дишните патишта
– Превенција за обичната (сезонска) настинка и грип
– Помага кај дерматолошки нарушувања (акни, псоријаза и егзема)
– Ревитализација и чистење на кожата
– Ублажување на напнатоста на нервниот систем
– Ослободување од хроничен замор и депресија
– Ослободување од несоница
– Елиминирање на тешкото дишење (рчење)

Здравствени ефекти од солената соба:

Базирано на проучувања, солената соба многу е корисна за астматичари. Влијанието на солената терапија резултира во секрецијата на шлајм, и во редукција или во тотално исчезнување на нелагодностите.
Солените микро-честички ги уништуваат бактериите и габичките на слузницата, а во исто време го зајакнуваат и имонолошкиот систем. Токму затоа децата кои биле изложени на солена терапија имаат подобро здравје и не се разболуваат толку често како другите деца.
Луѓето кои работат во солена соба истотака ги уживаат здравствените влијанија на солената терапија- откога работат во солена соба, тие не се разболуваат со вообичаените вирусни болести.
Солените микро честички го намалуваат и отокот во слузницата – течењето на носот запира, исчезнува затнување то на носот, и ринитисот е намален или сосема исчезнува.
Понекогаш се случува некои пациенти да кашлаат повеќе по солената сесија. Но, тоа не значи дека нивната здравствена состојба е влошена. Токму спротивно, тоа е само знак за брзо заздравување. Со други зборови, респираторниот тракт се прочистува со забрзано темпо.
Солената аеросол исто така е добра и за нервниот систем и ослободува од стресот и вознемиреноста бидејќи се заситени со негативни јони.
Освен тоа, солената терапија помага и во ослободувањето од најразлични дерматолошки проблеми, бидејќи солта ги уништува од лошите бактерии на кожата.

Солената соба има одличен ефект за луѓето кои страдаат од:

– Астма
– Акутни белодробни заболувања
– Хронични заболувања на дишните патишта
– Хроничен фарингитис
– Хронична ангина или воспаление на крајниците
– Хроничен максиларен, односно горновиличен синусуитис
– Хронично воспаление на третиот крајник
– Бронхитис кој што трае повеќе од две недели
– Хроничен бронхитис
– Повторувачки бронхитис и пневмониа
– Хронично и акутно воспаление на уво
– Чести вирусни инфекции
– Јаки ринитиси
– Атопични дерматитиси
– Псоријаза
– Дерматолошки инфекции

Во прилог прочитајте ги објавите за СОЛЕНА Соба во Општински весник Аеродром и февруарското издание на БЕБЕ Магазин. Повеќе информации за СОЛЕНА Соба можете да добиете на тел. (02) 2466-660 или 078 466 660. И не заборавајте да кликнете LIKE на нивниот Facebook FAN Page.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *