Top

“Платеници 2” во 3D кино Милениум

Утре, 17-ти август 2012 година, со почеток од 20 часот ќе се случи премиерата на “Платеници 2” во кино Милениум. Кино Милениум и овојпат докажа дека доследно ги следи сите актуелни светски филмски случувања, па така “Платеници 2″ токму утре ќе ја има својата американска премиера.



Во второто прододолжение на филмот, платениците се реобединуваат. Барни Рос (Силвестер Сталоне), Ли Кристмас (Џејсон Статам), јин јанг (Џет Ли), Гунар Џејсен (Долф Лундген), Тол Роад (Ренди Коутур ) и Хејл Кајсар (Тери Кревс) со најновите членови Билли Кид (Лиам Хемсворт) и Меги (Ју Нан) повторно се соединуваат кога Господин Чурч (Брус Вилис) ги ангажира платениците да превземат навидум лесна работа. Задачата изгледа како “лесни пари” за Барн и неговата банда од старата школа. Но, работите ќе тргнат во погрешна насока кога еден припадник од бандата ќе биде брутално убиен. Платниците се осудени да бараат одмазда на непријателска територија каде околностите се против нив. Поткрепени од одмаздничка сила, екипата создава патишта на деструкција кон противничките сили, правејќи пустош, и соочувајќи се со неочекувана закана во последен миг. Шест тони оружје кое е доволно за да ја промени рамнотежната моќ во светот. Но за нив, тоа не е доволна препрека, бранејќи ја правдата против злобниот противник на кој се должни да му се одмаздат.

Филмот ќе биде поставен на редовениот репертоар на кино Милениум, со проекции од 20:00 и 22:30 часот.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>