
Во ледениот ентериер на барот и значително пониски температури, љубителите на кафе низ целата држава, ќе имаат можност да уживаат во вистинска “ескимска” атмосфера, надополнета со вкусот на освежувачкото Nescafé Frappé.
“Ајс бар” караванот започнува од плоштадот во Скопје, во четврток на 19.07.2012 година од 18 до 23 часот, каде ќе остане и наредниот ден во истиот термин. На 21-ви и 22-ри јули скопјани ќе се разладуваат со Nescafé Frappe во Градскиот парк, додека на 23-ти и 24-ти во населбата Аеродром, повторно од 18 до 23 часот.
Веќе од среда, 25.07 ледениот караван на Nescafé Frappe се сели во Куманово, од каде продолжува во Струмица (26.07), Битола (27.07) и за време на викендот (28-ми и 29-ти) се задржува во Охрид.
Исто така, за сите посетители на првиот “Ајс кафе бар” ќе биде овозможена и интернет конекција и можност да ги споделат своите “ајс” моменти во виртуелниот свет.
Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!