Top
Kosta-Petrov-iLike-mk-F

Коста Петров ќе ја промовира неговата нова книга „Нашето последно кафе”

По огромниот успех на книгите „Се гледаме на врвот“ и „Стравот“, младиот автор Коста Петров најавува нова книга насловена како „Нашето последно кафе“. Промоцијата на новото дело ќе се одржи на 24-ти септември во 19 часот на платото пред скопската книжарница „Три“ во ГТЦ. „Нашето последно кафе“ го отсликува неговиот емотивен и духовен раст преку неколку прватни и професионални искуства.

Naseto-posledno-kafe-Kosta-Petrov-iLike-mk

Ова е книга за сите борци, за луѓето кои не се откажуваат, за оние што ја гледаат светлината и во најтемните моменти на животот.

Ова е уште една книга која ќе нè соочи со себе, со сопствените стравови, изговори, самонаметнати граници и откажувања, но и ќе нѝ покаже како да ги ослободиме сопствените потенцијали и да го достигнеме личниот максимум. Затекнат од загубата на многу блиска личност и соочен со кршливоста на животот, Коста решава да напише книга-обраќање, како потсетување дека животот се живее, а не се случува. Оваа книга е силно освестување да се разбудиме и да не го земаме животот здраво за готово, туку од него да направиме искуство вредно за живеење, приказна вредна за споделување, живот по наша мера. Споделувајќи ги своите животни искуства, иницијациски предизвици, мисли и размисли, авторот нѝ раскажува како да се соочиме со парализирачкиот страв, со предизвиците што нѝ ги сервира животот, да се справиме со луѓето кои нè повредуваат.

Правилото е едноставно. Ништо во нашите животи нема да се промени ако не се промениме себеси.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>