Top

“МАКСИМ” со премиера во Охрид

Во пресрет на летото, следниот викенд премиерно во Охрид ќе се прикажува македонскиот филм “МАКСИМ” во режија на Кирил Трајковски. Ова е вистински момент за сите оние кои по било каква причина немаа можност досега да го погледнат овој филм.



Прес конференцијата ќе се одржи во петок, 27-ми јули 2012 година, во просториите на Центарот за култура “Глигор Прличев” со почеток во 11 часот, а премиерата е закажана за 20:00 часот. Додека пак, репризата ќе биде прикажана следниот ден – сабота, 28-ми јули 2012 година, со почеток во 20:00 часот.

Цената на билетот изнесува 100 денари.

Досега, “Максим” беше успешно прикажан неколку градови ширум Македонија.

Погледнете го официјалниот трејлер:

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *