Беше спремна за сè. Да се бори и да освојува, но не и да верува. Никогаш повеќе – никому. Светот за неа стана обична политичка сцена. Говорот, и оној со најблиските станува дел од една предизборна кампања – секој го кажува она што сакаме да го слушнеме, во спротивно тој е опозиција. Обична нула.
Љубовта која некогаш ја сметаше за најважно нешто, ја увиде како мода. Еден сопатник ти стои убаво, не ја иритира кожата и го носиш како омилен моден додаток. Со него се сликаш, собираш лајкови и често укажуваш на тоа дека си задоволен муштерија.
Но, и најудобните чевли не ги носиме секој ден и во секоја прилика. Да не збориме за сезона. Да, 21 век. Век во кој да си со една личност е модна катастрофа.
А, пријателството – обичен парфем. Трае 3 саати со кафе, и до 1 ден во сеќавање. Го користиш додека не најдеш појак, бидејќи е важно да си забележан.

Автор: Енди Стојанова
![]()
Сакате да објавите проза или поезија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!