Top
Сара Маркоска

Сара Маркоска: „Тони Зен е најзгоден!“

Ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија во Украина во 2009-та, потоа ја видовме и во М2 шоуто, за да ги освои симпатиите на штипската публика минатата година и да го освои Гран При-то на МакФест. Периодов е актуелна со синглот „Зелено Светло“, а вчера го прослави нејзиниот 18-ти роденден.

За iLike.mk, Сара Маркоска.

Сара Маркоска

Сара, прво среќен роденден и честито полнолетство. Како се чувствуваш денеска?

Ви Благодарам на честитката! Одлично се чувствувам, расположена сум, среќна и полна со енергија.

Како ја помина роденденската прослава? Со кого?

По коментари од другите мислам дека имаше добро журче и супер атмосфера. Со друштво славев во едно скопско кафуле и еве јавно да им се заблагодарам на сите што дојдоа, ми направија чест и придонесоа за мојата среќа.

Што мислиш дека ќе ти донесе полнолетството (а, што ти би сакала да ти донесе)?

Бидејќи 18 се ете, значајни години мислам дека ми се отвора една нова етапа од животот во којашто треба да бидам многу поодговорна. Но, од друга страна, мислам дека ќе ми донесе мноооогу журка, сметајќи дека овие се најубавите години, и ете фала Богу нема да има потреба веќе да се тресам за дали некој ќе ми побара лична карта. :)

Во моментов си актуелна со темата „Зелено светло“ во која ти гостува Панчо од ДНК. Како дојде до таа соработка?

Соработката дојде пред сè од мојата желба да снимам дует со него почитувајќи ја музиката на ДНК. Лазар, нашиот заеднички композитор направи песна, и на мене и на Панчо ни се допадна од прва, па Панчо веднаш го напиша текстот за својот дел, Ена за мојот дел, и ете дојде до „Зелено светло“.

Колку си задоволна од твојот прв видео запис? Го замислуваше ли поинаку?

Многу сум задоволна од тоа како излезе мојот прв видео запис. Им ја препуштив мојата доверба на професионалци и мислам дека тоа беше прав потег. Мојата желба беше да биде весел, позитивен со многу играње, па мислам дека крајниот производ беше токму она што го замислував.

За изминатите две песни (победничката „После него“ од Макфест и „Зелено светло“) соработуваше со Лазар и Магдалена Цветкоски. Ќе го смениш ли авторскиот тим или се водиш по она: тимот кој победува не се менува?

Лазар и Ена се одлични и соработувам со нив, меѓутоа тоа не значи дека не сум отворена за соработка и со други исто така добри композитори.

Член си во балетското студио „Еурека“ веќе 10 години, а во твојот видео запис докажа дека одлично играш. Кога би требала да бираш помеѓу музиката и танцувањето, за што ќе се одлучиш?

Мислам дека музиката и танцувањето се многу поврзани меѓу себе, бидејќи за да бидеш на сцена треба да знаеш како да се движиш и едноставно да се чувствувам пријатно на сцената. Ја одбирам музиката, а танцувањето само ми помага во тоа да бидам целосна.

Пред неколку месеци изјави дека сакаш дечко. Како стоиш на тоа поле?

slika_sara

Какви момци те привлекуваат?

Ако не знае како да се однесува со мене, и најубавиот дечко може да ми стане одбивен, па поради тоа немам некој посебен критериум во однос на физичкиот изглед. Во целост, ме привлекуваат опуштени, претставителни, позитивни момци кои знаат секогаш да те насмеат и да ти подарат некој убав комплимент.

Кој од твоите колеги од естрадата ти е најпривлечен и зошто?

Малку ќе го изменам прашањето, и ете ќе одговорам на кој е најзгоден од нашата естрада – Тони Зен и не е потребно објаснување! :)

Сметаш ли дека сексапилот продава?

Мислам дека сексапилот горе-доле продава, меѓутоа според мене сексапилноста најмногу доаѓа од самодовербата, па верувајте секоја девојка/момче кое се чувствува убаво во своја кожа, зрачи со некој вид на енергија која привлекува.

Како се грижиш за својот изглед?

Танцувам секојдневно и кога имам повеќе време ја посетувам теретаната. Сметам дека ништо не се добива, без труд.

Каде ќе го поминеш летово?

Летово ќе одам со моите другарки на Закинтос и мислам дека не очекува една добра журка, плажа, музика, момци…


Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>