Овен
Морате да вложите многу труд ако сакате да испливате од проблемите. Енергија имате, но за жал не и упорност – што е голема мана. Животот не е само уживање. Имајте го тоа на ум и избегнувајте секакви расправии.
Бик
Ќе уживате во убави работи. Добро се чувствувате затоа што сте среќни и вљубени. Ако сте во брачна заедница, ќе размислувате за некое неверство или за некоја личност која ви оставила голем впечаток. Дружењето со Водолии е вистинска работа.
Близнаци
Убаво зборувате. Проблемите настануваат кога од зборови треба да се премине на дела. Тука ништо не можете, па сакате обврските да им ги префрлите на другите. Не ги расфрлајте парите, наскоро ќе ви бидат повеќе од потребни.
Рак
Полека се подготвувате за некоја веселба. Сакате дружење во кругот на семејството, но сакате и да се покажете во јавноста. Ќе ги фасцинирате сите околу себе, особено вашиот партнер.
Лав
Среќни сте и задоволни. Се’ ви поаѓа од рака. Вашиот партнер е кроток, пари имате доволно, а и на здравјето не можете да се пожалите. Постарите претставници на овој знак може да имаат проблеми со срцето или белите дробови.
Дeвица
Девиците овој период вредно ќе работат. На соработниците ќе им остават добар впечаток за да подоцна им бидат од корист. Задоволни сте не само поради емотивната стабилност, туку и поради одличната материјална состојба.
Терезија
Склони сте кон нервози за секакви ситници. Се нервирате првенствено затоа што сакате малку повеќе пари и затоа што сте уморни од секојдневните работни обврски. Ако ги решите овие проблеми, нервозата ќе исчезне.
Скорпија
Ако се здружите со некој Овен, ќе влегувате во безброј вербални конфликти. Имате премногу енергија, но ја исфрлате на погрешен начин. Најмногу на оние кои воопшто не се виновни за вашето незадоволство.
Стрелец
Планетите ви се наклонети. Сега, конечно, можете да здивнете. Во очекувањето на радосните случувања поведете малку сметка и за вашето здравје. Белите дробови се слаба точка, а и вирусите нема да ве заобиколат.
Јарец
Ако мислите дека проблемите ќе ги решите со леснотија, во заблуда сте. Кај вас се’ се случува поинтензивно, па затоа морате сами да се потрудите. Имате лажни надежи спрема некого.
Водолија
Среќни сте и задоволни. Лавот со своето конкретно однесување влијае врз вас, но можеби и Терезијата? Многу случувања како на личен, така и на семеен план влијаат на тоа да бидете во одлична форма.
Риби
На момент сте нервозни и напнати, бидејќи никој не може да ги задоволи вашите перфекционистички тежнеења. Расположението, за среќа, брзо се менува. Ако се потпрете на сопствените средства и ако не ги повторувате истите грешки, одлично ќе функционирате.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!