Top

Хороскоп за 29.12.2011 (четврток)

Овен
Планетите навестуваат среќа, љубов, брак, принова. Блиските ве поддржуваат и настојуваат да направат се’ за да уживате. Моментално ви се страни проблемите кои ве нервираа до вчера. Сфаќате дека погрешно постапивте. Бидете среќни, здрави сте и имате одлична кондиција.

Бик
Заљубени сте, а тоа е вообичаено за вас. Но, внимавајте денес може да ја изгубите главата, а на тоа најмалку се надевате. Евидентни се зголемени емотивни реакции. Потрудете се вниманието да го насочите на позитивни работи, а не на расправии со околината.

Близнаци
Променете го предметот на интересирање, а и потрудете се во пракса да примените нешто од наученото. Бидејќи не сакате да експериментирате со ништо во животот, барем потрудете се да ги подобрите животните услови. Неуморни сте.

Рак
Со Близнаци одлично соработувате, што не е баш така честа појава. Вашите мисли се окупирани со нови содржини, и можеби тоа е причината за вашата површност. Вашите претпоставени од вас бараат стручно усовршување, удоволете им.

Лав
Среќни сте и задоволни. Во ова расположение повеќе уживаат машките припадници на знакот. Неочекувани случувања ви го враќаат оптимизмот, а една средба ви буди нова надеж. Со Водолии воспоставивте другарски контакт, продолжете така.

Девица
Вложувате голем напор за да извршите одреден број на обврски, но не ви е тешко бидејќи сте свесни за целта. Снаодливо ги решавате семејните проблеми не сакајќи никого да повредите. Сонувате за една средба која целосно ќе ве исполни.

Терезија
Бурни реакции, расправии и нервози… Вагите кои се обезбедени на емотивен план немаат вакви проблеми. Тие се мирни како бубачки, но оние другите сето свое незадоволство и’ го префрлаат на околината. Потрудете се да не ја ширите нервозата и смирете се.

Скорпија
Планирате нови професионални и друштвени контакти. Се трудите да организирате средба со личности кои долго не сте ја виделе, но не очекувајте многу од таа средба. На работното место се трудите да бидете интелектуално надмоќни.

Стрелец
Се’ ви е наклонето, уметнички сте ориентирани и емотивно задоволни. Со партнерот остварувате складна корисна врска од која двајцата ќе профитирате. Тој мора повеќе за работи, а вие сте задолжени за „маркетингот“. Излезете со друштво и забавувајте се.

Јарец
Пред вас има многу работа, а малку помош. Морате многу да работите ако сакате да успеете. Додека партнерот ужива вие се грижите за празничните набавки. Како и да е, се чувствувате среќни и задоволни, ова е единствен период во годината кога навистина уживате.

Водолија
Уживате кога сте со друштвото, но на крај ќе бидете разочарани, бидејќи сите ја користат вашата искреност. Но, конечно сте среќни на емотивен план бидејќи сите недоразбирања со партнерот се разбистрија. Семејните случувања влијаат на наглата промена на оптимизмот.

Риби
Евидентна е ментална, емотивна и физичка криза. Одговор на многу прашања побарајте во недостигот од виталност, па настојувајте да се зајакнете. Ви годи осаменоста бидејќи никој не е во состојба да ве расположи. смирете се незадоволството е само моментална појава.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *