Top

Хороскоп за 28.10.2011 (петок)

Овен
Одлуката да преминете на конкретна акција е сосема в ред. Од мудрување не се живее. Ќе имате успех врзан за учење, патување и комуникација, но нема да бидете задоволни. Причина – не сте во форма. Кога ќе се одморите, ќе видите дека сте постигнале се’ што сакате.

Бик
Многу припадници на овој емотивен знак се вљубени. Можеби во таа состојба лежи причината за романтичното расположение и пресвртите во личната судбина. Ви годи се’ што е врзано за нежност. Доколку партнерот се обиде да биде груб, свртете му грб и најдете утеха на некое друго место.

Близнаци
Многу работи се во игра, а вие не сте во состојба да ги решите. Што сакате, всушност? Мора да бидете силни и свесни за ситуацијата за да испливате од неа и да бидете слободни, а пред се’, задоволни. Околностите укажуваат на тоа дека мора да бидете упорни и подготвени на долгорочни потфати.

Рак
Треба уште многу работи да направите, а пред се’, да го решите деловниот проблем. Големи пари се во игра, ги очекувате, но ќе мора да се стрпите. Околината почна да ве заморува со своите проблеми, па дистанцирајте се и во самотија наполнете ги батериите. Свесни сте за сопствената надмоќ во опкружувањето.

Лав
Се’ е во знакот на љубовта и разонодата. Работата е во втор план пред задоволството. Кога работите нешто, се давате комплетно, така што ќе го направите тоа и за саканото лице. Бидејќи сте преплавени со позитивни чувства и сила, се’ ви изгледа едноставно. Функционирате со леснотија.

Девица
Работата и проблемите влијаат на нервниот систем, но вие не се давате. Правите се’ за да ја надминете кризата, до перфекција го извршувате она што претпоставените го очекуваат од вас. Бидејќи до реализација не доаѓате едноставно, сфатете го тоа како нормална последица на околностите.

Терезија
Единствено финансиските проблеми може да ви го расипат расположението. Бидејќи можете да влијаете на нив, а на саканото лице не, направете го она што е најдобро. Му се фрлате на партнерот во прегратка и го набљудувате светот од поубавата страна.

Скорпија
Околината ја заморувате со проблеми. Кога ви е добро, кога сте задоволни и кога имате пари, уживате во среќата. Кога ќе настапат проблемите, станувате невротични, ги малтретирате пријателите. Не треба да ги оптоварувате, туку да се дружите со нив и да си поминувате убаво.

Стрелец
Увидувате дека вашите идеи се разликуваат од мислењето на повеќето колеги, но не можете да прифатите некои просечни мерила и критериуми што ги заговараат соработниците. Потребно е да ги докажете своите способности, најдобро е без вишок зборови да го кажете вашиот став.

Јарец
На погрешен начин ги поврзувате новите случувања на деловна сцена, а нечие однесување го толкувате во согласност со личните потреби. Мора да сфатите дека нечие одобрување и комплимент немаат посебна употребна вредност. Избегнувајте чувствителни теми.

Водолија
Тамам сакавте да земете воздух и да соберете сила за новите потфати, кога повторно се појавуваат нови проблеми. Емотивното незадоволство, исто така, е присутно. Склони сте вината да ја префрлите на друга страна. Пожелно е да бидете објективни.

Риби
Одлучивте работите да ги истерате докрај, па нема сила што може да ве одврати од тоа. Емоциите се настрана, а разумот упорно работи. Не оптоварувајте се со споредни нешта, приоритет му давате на она што ви е многу значајно моментално.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *