Top

Хороскоп за 27.10.2011 (четврток)

Овен
Подгответе се да ги засукате ракавите. Бидејќи работите бараат максимална концентрација, која моментално ја немате, морате да ги употребите и на паметен начин да ги искористите сите ваши таленти за постигнување одредени цели.

Бик
Нека не ве изненадат некои љубовни стресови. Партнерот врши притисок со желба да ги искористи сите ваши слабости, бидејќи во конкретната ситуација е многу посилен од вас. Доколу се работи за Скорпија, тешко дека ќе излезете на крај.

Близнаци
Ситуацијата бара конкретни потези, а вие по малку сте неодлучни. Свесни сте какви можат да бидат последиците, не се впуштате лесно во игра, па затоа на крај успехот ќе ви биде загарантиран.

Рак
Компензацијата за сите незадоволства, првенствено емотивната ја наоѓате во работата. Ќе се потрудите да се занимавате со оние работи што ви причинуваат задоволство. Ќе ја фасцинирате средината со своите квалитети.

Лав
Мора да се приспособите на новонастанатата ситуација, иако тоа не ви е многу пријатно. Чувајте се од некои посериозни повреди, бидејќи ѕвездите навестуваат опасности од тој вид. Патувањето одложете го за налето.

Девица
Ве очекуваат многубројни обврски, но, за среќа, ќе ги извршите достоинствено и без многу врева. Можно е да се најдете во ситуација кога ќе исправувате туѓи грешки, за што сте вистински мајстор. Блазе си ви, Девица сте.

Терезија
Мора да преземете конкретни чекори во врска со вашето сакано лице. Иако чувствувате потреба од сетилни задоволства, ќе се најдете во ситуација да ги засукате ракавите и да ја компензирате слабоста на личноста со која сте во врска.

Скорпија
Ќе се најдете во ситуација кога вашиот партнер ќе клечи пред вашите нозе и ќе ве моли за прошка. Бидејќи сте злопамтило и одмаздливи, нема лесно да паднете на неговите трикови. Иако ја преувеличивте неговата вина, тоа е вистинскиот начин да дојдете до целта.

Стрелец
Сите ваши работни квалитети доаѓаат до израз. Никој со таквиот фанатизам не ги врши работите како вас. Проблемот настанува кога немате обврски, бидејќи сфаќате дека нешто ве притиска. Размислете што би можело да биде.

Јарец
Решавате важни работи, повлекувате исправни потези и ја сфаќате ситуацијата во која се наоѓате. Станавте сигурни во себе, што е позитивна страна на кризата во која се наоѓавте. Проблемот е решен, треба да се тргне понатаму.

Водолија
Само креативните и уметнички настроените Водолии од денешните планетарни аспекти би можеле да извлечат голема корист. Оние другите, за жал, не ги очекува ништо поинакво. Нека бидат трпеливи и нека почекаат подобар период.

Риби
Одличен ден. Ќе ви биде понудена шанса да напредувате, па не би било пожелно пријателите на вас да го пренесуваат негативното расположение. Впрочем, и вие бевте во слична ситуација, па никого не оптоварувате. Зар не?

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *