Top

Хороскоп за 26.10.2012 (петок)

Овен
Понекогаш различни услови дејствуваат како дополнителна мотивација правилно да се организирате и да ги запазите роковите. Контактирајте со соработниците кои имаат доверливи информации за новите случувања на деловната сцена, пожелно е да го проширите вашето сознание од разни области. Нема потреба да донесувате избрзани заклучоци. Партнерот дејствува позитивно на вашето расположение.

Бик
Изгледате енергично во средба со соработниците и поставувате нови барања, со кои сакате да го унапредите своето професионално искуство и заедничкиот успех. Не дозволувајте можност за ненадејни промени во деловните преговори. Саканата личност се обидува да влијае на вашите ставови, но за тоа има отпор од ваша страна. Љубовта во овој период ја прифаќате како минлива фаза.

Близнаци
Од вас се очекува да прифатите нов деловен предизвик или да преземете важна улога во заедничкиот договор. Имате доволно енергија, но добро размислете за своите приоритети. Потребно е да осмислите деловна стратегија, која ќе ви овозможи да се ангажирате на разни страни. Чувствувате емотивен занес и не го криете своето одушевување во друштво на саканата личност. Емотивната инспирација е неисцрпна ако се наоѓате во вистинското друштво.

Рак
Комплетната ситуација на деловната сцена треба да се процени од различни аспекти, пред да донесете заклучок и конечна одлука. Изгледате поттикнувачки на околината, кај вашите соработници постојат различни степени на мотивација. Во љубовниот живот сакате некои нови и повесели случувања. Смислено го избирате моментот да ги остварите своите намери или на саканата личност да и’ соопштите важни планови.

Лав
Вложувате голем напор да остварите позитивни резултати во професионалното изразување, но постојат ситуации кои ги нарушуваат вашите планови. Без дополнителни прашања прифатете ја критиката која ви ја упатуваат вашите соработници. Потребно е да се растоварите од дополнителните обврски, немате доволно енергија да се ангажирате на повеќе страни.

Девица
Идеите на кои инсистирате имаат добро покритие, никој не се сомнева во вашите практични способности или успешни финансиски резултати. Потрудете се да ги спроведете сите свои идеи во дело. Важно е покрај себе да имате личност од доверба или тим на верни соработници, за кои ве врзуваат заеднички планови и деловни интереси. Осмислете добар редослед на потезите. Во љубовниот однос немојте залудно да се обидувате да го промените однесувањето на партнерот.

Терезија
Се наоѓате во фаза на креативно издигање и сакате да ја унапредите деловната позиција. Повремено имате големи амбиции или нескромни очекувања. Успехот не е возможно да го остварите без детални анализи, добри подготовки и прецизни информации кои ве доведуваат во привилегирана положба. Искрените чувства и’ ги должите на блиската личност. Вашата интимна среќа произлегува од хармоничниот однос со партнерот.

Скорпија
Изгледате загрижено поради новите информации на деловната сцена, но тоа е минлива фаза. Големата доза на психолошко оптоварување е забележлива и кај вашите соработници, потребно е да ја оправдате својата улога без натпреварувачки аспирации и потреба за професионално експонирање. Важно е да се управувате спрема сопствените цели. Ви недостига мирен сон, не замислувајте дека доброто решение ќе дојде ненадејно.

Стрелец
Изгледате многу амбициозно и се обидувате да го преоцените завршниот резултат во новите случувања на деловен план. На соработниците им е важно да чујат што мислите вие, но употребете ги своите професионални манири бидејќи постојат работи за кои не треба јавно да расправате. Важно е да се определите за посовремена варијанта, која овозможува напредување на деловен план. Доживувате нова блискост со саканата личност.

Јарец
Очекувате некој да ги прифати вашите идеи и ви пречи чувството на нерамноправност во однос со соработниците. Потребни ви се дипломатски манири и компромисни варијанти, како успешна формула која носи корисно и долгорочно решение. Во зависност од личниот интерес или мотивација осмислете варијанта која донесува најдобри резултати. Во љубовниот однос уживате во различни ситуации.

Водолија
Нема причина да ја прифатите понудата која ветува моментален успех. Бидете доволно трпеливи при деловните средби, во желба да пронајдете идеално решение непотребно се оптоварувате со детали. Од вашето залагање и дипломатски такт зависат конечните резултати. Изгледате задоволно во љубовниот живот, пред вас се наоѓа личност која искрено се грижи за вашите емотивни желби и потреби.

Риби
Постојат ненадејни проблеми што го нарушуваат вашиот секојдневен ритам, но низ дополнителна упорност можете да ги остварите своите деловни планови. Потребно е да пронајдете заобиколни решенија и да одржите добро ниво на соработка. Не дозволувајте некој да ве мами со погрешни информации, важно е да избегнувате избрзаност и импулсивни реакции. Промените во расположението се одразуваат на емотивниот однос.

Извор: Утрински Весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>