Top

Хороскоп за 25.10.2012 (четврток)

Овен
Се наоѓате во мошне заплеткана ситуација која бара максимум трпеливост, но, за жал, не ја поседувате. Оттаму се и недоразбирањата не само со околината туку и со себе.Не сте добро расположени, но партнерот и добар филм може да ви овозможат да се чувствувате убаво.

Бик
Среќни сте и задоволни, ова е исклучително пријатен период, особено кога станува збор за љубовта. Ќе бидете опкружени со луѓе што ќе ви причинуваат задоволство. Пред вас се незаборавни моменти, а колку ќе профитирате од тоа, зависи од ситуацијата.

Близнаци
Премногу сте растрчани, не знаете што да почнете попрво да правите. Водете сметка да не се изгубите во многуте планови. И покрај тоа што сте способни да решите секаков проблем, мора да го забавите темпото и да се насочите кон себеси. Тоа е најдобар начин да дојдете до душевен мир кој повремено ве напушта.

Рак
Може да се каже дека сте во целосен хаос, барем кога станува збор за емоциите. Со оглед на тоа што ваквата состојба премина во хронична, воопшто не сте загрижени. Насочете се кон областите од животот во кои сте најуспешни. Вистински стручњак сте во тоа што го работите, само ви недостасува малку самодоверба.

Лав
Постојано сте лошо расположени. Немате енергија, па работата може да биде во застој. Попасивни сте од вообичаеното, но воопшто не ве вознемирува тоа, насочени сте кон нова љубов. Фантазијата е одлична како компензација за киксовите што ги направивте во последно време. Но, не олабавувајте се премногу.

Девица
Многу од плановите ви пропаднаа во вода, но тоа не значи дека треба да седнете и ништо да не правите. Неделата не е поволна за решавање професионални проблеми и склучување договори. Доколку сте во каква било врска со здравствена установа, не надевајте се на поволен исход. Од вас се очекува да бидете трпеливи.

Терезија
Конечно можете да се препуштите на сите животни радости и покрај тоа што минувате низ тежок период. Потрудете се да останете смирени и со ладна глава. На начин својствен за вас уживате во среќата, а тоа е она што ве одржува во живот. Посебно ве прави задоволни хармонијата што ја најдовте во себе.

Скорпија
Влегувате во период кој од вас го бара она што го имате во изобилство – силата. Променете ги животните услови на подобро. Ве очекуваат бурни емотивни случувања, дочекајте ги подготвени. Размислувајте за нови пријателства.

Стрелец
Постојано наидувате на проблеми. Евидентно е нервирањето поради секоја ситница, ја оптоварувате околината. Доколку забележите дека луѓето ве избегнуваат, треба да знаете за што станува збор. Можни се здравствени проблеми поврзани за црниот дроб, но не преземајте конкретни потези.

Јарец
Проблемот од емотивна природа станува повеќе од непријатен. Ви недостасува толеранција кога станува збор за партнерот, а тоа мора да го контролирате. Никако не можете да најдете заеднички јазик, но мора да се потрудите да избегнете секакви расправии. Имате проблеми и со дишните патишта.

Водолија
Поминувате незаборавни моменти со лица родени во знакот на Бик или Вага. Не е важно колку ќе трае таа среќа, уживајте и заборавете на ситните глупости што ги носи секојдневјето. Дружете се и излегувајте. Немојте да се нервирате за ситници, нема причина за тоа. Единствено нешто кое не ви дава мир е постојаното незадоволство, научете да ја цените секоја ситница.

Риби
Не можете да најдете заеднички јазик со блиските. Проблемите што ги имате веќе подолго време се провлекуваат. Неспособни сте да се приспособите на околината, затоа е најдобро да се дистанцирате. Ве очекуваат и недоразбирања со партнерот, променете ги сопствените ставови. Намалете ги алкохолот и забавите.

Извор: Утрински Весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>